Калциум карбонат (CaCO3) е слабо растворливa сол на јаглеродна киселина и е стабилен во услови кои преовладуваат на површината на земјата што го прави околу 4% од вкупната маса на земјината кора.
Морските седименти со содржина на калциум карбонат повисока од 30% ја покриваат над ¼ од земјата и овие седименти се од биогено потекло, формирани од таложење на школки и од мртви морски организми.
Голем број од живите видови, посебно морските, е поврзан со пертиципати на калциум карбонат. Претставниците на сунѓери, членконоги, корали, Мекотели, алги, и други видови од многу други групи имаат излачен калцит во одредени ткива, најчесто за зголемување на силата на механички ткива. Суровината која се користи во производството на Megagreen е природен минерал на калцит, кој е седиментен минерал со морско потекло, настанат со слоевито скаменување на алги и дијатомеи.