ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕ
Целта на ова истражување е да со користење на MEGAGREEN да се направи чекор напред во однос на производството на здрава, рационална и конкурентена храна на пазарот. Со воведување на нови технологии (микронизација и активирање на природни минерали) се направија значајни промени во сите подрачја на производството. Исто така, истражувањата се вршат со цел да се утврди под кои околностит и во кои количини примената на препаратот на различни производи влијае на висината на принос и на неговиот квалитет. Ова прашање бара голем број експериментални истражувања чии цели се изразени на следниот начин:
- Определување на оптимална прехрана за одредена култура
- Следење на промени во текот на вегетацијата и споредба со нетретирани култури од ист тип и возраст
- Точно мерење на влијанието и анализа на примена на MegaGreen компонентата на квалитетот и родот на земјоделските култури во однос со вообичаена практика на ѓубрење.
Клучни термини: Калциум, биогени елементи, вртложна динамичка микронизација и активација, TMA-уред, асимилација, фотоавтотрофи, растителна култура, екофизиологија, техника на примена, ефекти, интегрирано искуство.